Расте бројот на вработени во индустријата

Државниот завод за статистика објави податоци кои покажуваат дека во првите осум месеци бројот на работници бележи пораст од 7,4% во однос на овој период минатата година.

Само во август 2014 година во однос на август минатата година порастот изнесува 9,1 проценти.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2014 година, во однос на периодот јануари – август 2013 година, изнесува 107.4.

Бројот на работници бележи пораст од 11,1 % во преработувачката индустрија, 1,3% во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Опаѓање на бројот на работници од 3,1 отсто е забележано во секторот Рударство и вадење камен.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,9 отсто, Капитални производи за 104,7 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,7 %.