Расте бројот на заболени од ситни сипаници

Шест нови случаи на заразени со ситна сипаница за неполна недела. Лекарите потврдуваат дека најголем дел од заболените не се вакцинирани, или примиле само една доза.

Лекарите апелираат навреме да се вакцинираат децата со МРП вакцината, бидејќи ситните сипаници носат сериозни проблеми.

Според нив, имунизацијата е на високо ниво во Македонија за сите вакцини.