Расте бројот на загинати во одроните во Индонезија

Продолжува акцијата за пронаоѓање на 88 лица кои се уште се водат како исчезнати по одронот на земјиштето во Индонезија.

Потврдено е дека во калта, во која спасувачите со голи раце трагаат по жртвите, досега се пронајдени 20 загинати. Во исто време се спасени 577 жители на селото што настрада при злигање на земјиштето во петокот вечерта, а има и 15 повредени, од кои единаесетмина се со сериозни повреди и се сместени во болница.

Местото на несреќата денеска го посети и претседателот на Индонезија Јоко Видодо.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.