среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Расте бројот на загинати во трамвајската несреќа во Лондон

Полицијата информира дека возачот на трамвајот е приведен, но не наведе детали.

london-tramvaj

Последни вести

Бројот на загинати во денешната трамвајска несреќа во јужен Лондон се искачи на седум, соопшти вечерва британска полиција.

Полицијата информира дека возачот на трамвајот е приведен, но не наведе детали.

Спасувачките екипи успеаја да извлечат неколку луѓе од под трамвајот, каде се наоѓаат уште две лица.

Портпаролот на лондонската служба за брза помош изјави дека 51 лице се хоспитализирани, а некои од нив се во тешка здраствена состојба.

Најчитани вести