Свет

Расте бројот на жртви од поплавите во Чиле

Расте бројот на жртви од поплавите во Чиле

Спасувачките екипи кои работат во реонот на Атакама, во Чиле, кој минатата недела беше погоден од катастрофални поплави при што загинаа десетина лица, соопштија дека стравуваат оти бројот на жртвите може да биде многу поголем.

Досега е потврдена смрта на 25 жители на овој регион, но спасувачите се плашат дека конечната бројка ќе надмине повеќе од 100 жртви, пренесува МИА.

Спасувачите сметаат дека се помалку има шанси некој да преживел во ударот на силните надојдени води исполнети со кал и во бројните свлечишта со густ кал од Андите.

Како исчезнати, се уште се водат 101 лице сите од реонот на, инаку, пустинската и сува област Атакама, а екипите за спасување кои работат на теренот се плашат дека сите на крајот ќе бидат прогласени за мртви.

Поплавите, кои се ознечени како најголеми во последните 80 години погодија околу 30 илјади луѓе. Повеќе од 2.700 лица остранаа без своите домови.

Чилеанскиот претседател Мишел Башеле ја посети вчера областа Атакама, каде пустинското сонце сега ја отежнува работата на спасувачите. Во разговор со локалното население таа вети државна помош за сите кои беа погодени од оваа несреќа.