Расте бројот на жртвите во земјотресот во Кина, досега 150 мртви

Најмалку 150 лица загинале во земјотресот кој утрово го зафати југозападот на Кина, јавува кинеската агенција Синхуа.

Според Кинескиот сеизмолошки центар, земјотресот е со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, а не со 6,1 степен како што соопшти Американскиот геолошки завод.

Во провинцијата Јунин последен пат силен земјотрес имало во 2012 година кога загинале 81 лице, а 821 лице биле повредени.

Земјотрес во толку голема јачина не е забележан во изминатите 14 години во Јунин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.