Расте бројот настрадани во земјотресот во Иран и Ирак, најмалку 350 мртви (ВИДЕО)

Најмалку 350 лица загинале и уште околу четири илјади се повредени во Иран и во Ирак во силниот земјтрес од 7,3 степени во неделата, пренесуваат во понеделникот медиумите во двете земји додека сапсувачките екипи и натаму трагаат по преживеани,

Според последните обновени податоиц на иранските власти, бројот жртви во планинската област се зголемил до 339 мртви и уште четири илјади се повредени. Уште се стравува дека бројот на жртвите ќе расте кога спасувачките екипи ќе пристигнат до најоддалечените делови на Иран.

Епицентарот на потресот кој се случи околу 9,18 часот по локално време во неделата, односно 00,1, часот по средноевропско време во понеделникот, е регистриран 32 километри јужно од ирачкиот град Халабџа, во ирачки Курдистан еднаш на границата со Иран, според американскиот геолошки институт USGS.

Меѓутоа, најголемиот број жртви се во грдот Сарпол-е Захаб, во иранската покрана Керманшах. Според Националната агенција за управување со катастрофи на Иран, 339 лица смртно настрадале, според податоците од понеделникот напладне по локално време. Уште 3950 лица се повредени.

Потресот, исто така, силно се почувствувал и во иранските покраини Кордестан, Илам, Хузестан, Хамедан, Западен Азербејџан, Источен Азербејџан, Лорестан, Казвин, Занджан и Ќом.

Покрај тоа, земјотресот е почувствуван и во многу земји од регионот, како Турција, Кувајт, Ерменија, Јордан, Либан, Саудиска Арабија, Катар и Бахреин. Меѓутоа жртви и штети има само во Иран и во Ирак.

Во Ирак, пак, локалните власти известија за 11 жртви, и околу 130 повредени. Најголеми штети во Ирак се регистрирани во градот Дарбандихан, 75 километри источно од градот Сулејманија, во полуавтономната ирачка покраина Курдистан.

Според курдскиот министер за здравство, Рекат Хама Рашид, во градот има повеќе од 30 повредени. „Ситуацијата таму е многу критична“, изјави Рашид за локалните медиумите.

РИА Новости https://ria.ru/world/20171113/1508681665.html