Економија,Свет

Расте цената на нафтата на светските берзи

Расте цената на нафтата на светските берзи

Цената на барел нафта порасна на светските берзи до 50 долари, поттикната од насилството во Ирак кое ги потисна во втор план скокот на залихите во САД.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 37 центи во однос на претходното затворање, од 49,50 долари. На американската берза со барелот се тргуваше по 42 центи повисока цена од 44,95 долари.

Во Лондон цената на нафтата од средината на јануари се движи во распон од 45 до 50 долари за барел, а во петокот поддршка им пружи и новиот бран насилство во Ирак, каде милитантите од Исламската држава се судрија со курдските сили во близина на Киркурк, регион богат со нафта.

Оваа вест ги потисна во втор план податоците на американската влада од средата за силен скок на залихите во минатата недела, за 8,9 милиони барели, на исклучително висоско ниво од 406,7 милиони барели.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) во овој месец предупреди дека закрепнувањето на цените би можело уште некое време да причека и покрај зачестените сигнали за забавување на надолниот тренд на цените, вклучително и на намеленото американско поизводство од шкрилци и поголема побарувачка.