Расте евроскпетицизмот во земјите-членки на ЕУ

Расте евроскпетицизмот во земјите-членки на ЕУ
Расте евроскпетицизмот во земјите-членки на ЕУ

Евроскептицизмот продолжува да расте меѓу жителите на земјите членки на ЕУ, покажува истражувањето што кон крајот на април и почетокот на мај, го спорвела француската агенција ТНС.

Анкетата е спроведена во десет земји од Унијата, кои сочинуваат 80 отсто од популацијата на ЕУ и остваруваат 82 отсто од европскиот БДП.

Во овие земји, поддршка на Унијата и даваат 51 осто од анкетираните, додека 42 отсто сметаат дека земјите членки треба да имаат поголеми овластувања, наместо да ги пренесуваат на Брисел.

Најмала подршка за ЕУ е регистрина во Грција, само 27 отсто, што се објаснува со острите мерки на штедење што европските кредитори и земјите од еврозоната и ги наметаа на Грција по кризата во кое се најде државата.

Во Франција поддршката на ЕУ е намалена на 38 отсто, додека во Шпанија, која како и Грција, мораше се соочи со строри мерки на штедење и намалување на буџетската потрошувачка, поддршката на граѓаните на Униата сега изнесува 47 отсто.

Намалување на поддршката од осум отсто е регистрирана и во Велика Британија, а од шест отсто во Италија.

Најголема поддршка за Унијата е регистрирана во Полска – 72 отсто, па во Чешка и Финска по 62 и во Унгарија 61 проценти.

Анкетата на агенцијата ТНС открива дека и покрај растот на евроскептицизмот, големо мнозинство на анкетираните, во сите десет земји, сакаат Велика Британија да остане членка на Унијата.

Уверливо најголема е поддршката меѓу Германците, каде дури 79 отсто од анкетираните, се изјасниле Британците да останат дел од Европската Унија.