Расте бројот на склучени, но и разведени бракови

Бројот на склучени бракови во четвртото тримесечје од минатата година бележи пораст, но зголемување има и кај бројот на разведени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 3,7 отсто, во споредба со истиот период
од 2012 година и изнесува 3.401 брак, додека разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување во споредба со истиот период од 2012 година и нивниот број изнесува 540.

Во истиот овој период, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2013 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 3,5 отсто и изнесува 6.075 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2013 година бележи зголемување од 0,9 отсто во споредба со
истото тримесечје од 2012 година и изнесува 5.002 лицe, а од нив 72 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 1.073 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од
бројот на умрените лица.