Расте интересот за Купи куќа, купи стан, најмногу искористен во Скопје

Од ден за ден расте интересот за проектот „Купи куќа, купи стан“ кој трае до крајот на годината.

Досега „Купи куќа, купи стан“ обезбеди дом за 556 семејства. Според статистиката на Минситерството за финансии проектот најмногу го искотиристиле скопјани, потоа битолчани, струмичани, кумановци, гевгеличани, штипјани, прилепчани и кичевчани.

Преку проектот одобрени се субвенионирани станбени кредити во износ од 19,3 милиони евра, а на граѓаните им се доделени субвенции во износ од 3,37 милиони евра неповратни средства помош за купување на стан или куќа.

Од одобрените барања граѓаните повеќе аплицираат за купување стан со 508 решенија, додека за куќа има 58 решенија.

Интресот на граѓаните е поголем за моделот рата каде преку проектот Владата отплаќа половина или 75 проценти од месечната рата од кредитот. Од издадените решенија за овој модел се 416.

За моделот каде Владата плаќа половина или 75 отсто од учеството за кредитот зависно дали станува збор за стан или куќа досега има 150 решенија.

„Купи куќа, купи стан“, освен што помогна во решавањето на станбеното прашања на илјадници граѓани, значително влијаеше во придвижување на пазарот на недвижности. Проектот влијаеше на намалување на цените на становите, но и на каматите на станбените кредити. „Купи куќа, купи стан“ придонесе каматите да се спуштат на историски најниско ниво од 3 отсто што е одлична можност за граѓаните да го решат станбеното прашање.

„Купи куќа, купи стан“ ќе трае до декември 2015 година. Во Министерството е отворена и Канцеларија во која граѓаните можат да се информираат за потребната документација за аплицирање на проектот.