Расте јавниот долг на Хрватска

Јавниот долг на најновата земја членка на Европската унија, Хрватска, достигна 67 осто од вредноста на бруто домашниот производ, односно е на ниво од 29 милијарди евра.

Според податоците на Хрватската народна банка, јавниот долг на земјата во 2013-та година е за 11 отсто повисок одошто кон крајот на 2012-та година.

За раст на долгот, во најголема мера, придонесе и домашната, но и странската компонента. Најголем дек во долгот, односно дури 98 отсто, отпаѓа на долг на државата.