Расте кредитирањето на компаниите

Македонските компании имаат потреба од свеж капитал. Пристигнуваат нови нарачки, се очекува зголемено производство. За да се остане во трка со конкуренција е потребно постојано да се работи на зголемување на конкурентноста, а за тоа да се направи се потребни пари и кредити, пишува Лидер.

Секогаш има потреба од кредити, без разлика дали сакате да го модернизирате производството и да воведете нови технологии и техники, или, пак, ви се потребни обртни средства, вели првиот човек на Раде Кончар – ТЕП, Горан Антевски.

Тврдењата на бизнисмените ги поткрепуваат и податоците на Народната банка. Во последниот квартал од 2015-та е регистриран голем раст на кредитирањето. Во последните три месеци од минатата година, обемот на нови кредити е за повеќе од 2,5 пати повисок во однос на претходните девет месеци. Централната банка пресметала дека растот на кредитирањето во последниот квартал од 2015-та е највисок квартален раст во периодот по кризата.

Анализирано по сектори, забрзувањето на кредитниот раст произлегува од зголемената кредитна поддршка на корпоративниот сектор, којшто објаснува над две третини од новото кредитирање во последниот квартал. Ова претставува значително поместување во однос на движењата од претходните три квартали, кога кредитите на домаќинствата ја имаа улогата на главен носител на кредитниот раст, се вели во извештајот на НБРМ.

Позитивни движења има и на страната на побарувачката и на страната на понудата, на годишната основа вкупните кредити во декември биле повисоки за над 9,5 проценти, со што е надмината и октомвриската проекција. Нефункционалните кредити изнесуваат 11,6% од вкупното портфолио.

Како се изјаснија банките во анкетата на НБРМ?

Во последната анкета на НБРМ, банките упатуваат на нето-олеснување на сите кредитни услови за одобрување корпоративни кредити. Како фактори кои влијаат врз кредитните услови се наведени конкуренцијата и ликвидносната позиција, па оттука и се очекува дополнително олеснување на кредитирањето.

Кредитите се многу значајни. Конкретно ако зборуваме за мојата компанија, учествуваа во голем дел во развојот. Поддршката од банките може да биде уште поголема, потребно е да се издаваат подолгорочни кредити, смета првиот човек на „Специјал“, Горан Ѓорѓиевски.

Банкарите велат дека пари бараат фирмите од прехранбениот сектор, земјоделството, преработувачката индустрија.

Компаниите генерално се насочени кон нови проекти, кон инвестирање во нова опрема, машини, кон освојување на нови пазари или подобрување на енергетската ефикасност, вели банкарот Предраг Милошоски.

Во однос на побарувачката на корпоративни кредити, во анкетата на НБРМ е наведено дека во последното тримесечје на 2015-та година е забележано натамошно нето-зголемување. Нето-процентот се зголемил од 31 во третиот квартал, на 46,2 во четвртиот квартал.

Банките во анкетата…