Свет

Расте крвавиот биланс во Киев: Девет жртви и 150 повредени

Расте крвавиот биланс во Киев: Девет жртви и 150 повредени

Во судирите на демонстрантите и полицијата во Киев загинаа девет лица, меѓу кои двајца полицајци, а околу 150 се повредени, јавува „Раша тудеј“.

Опозиционите демонстранти го зазеле партиското седиште на претседателот Виктор Јанукович во Киев.
Доктори од опозицијата, кои во импровизирана болница ги згрижуваат повредените опозиционери, рекле дека најголемиот дел од повредените се од шок- бомби, а 30-мина имаат повреди во главата, додека на една личност и’ е ампутирана раката.

Телата на тројцата убиени демонстранти се наоѓаат во зградата на парламент, три тела наводно се на улица, а телото на еден работник во обезбедувањето е пронајдено во запалената канцеларија на Партијата на регионот на претседателот Виктор Јанукович.

Украинската полиција соопшти дека во нередите се убиени пет цивили, додека лидерот на партијата, Александар Ефремов, рекол дека демонстрантите го убиле работникот на обезбедувањето на таа партија.