Расте невработеноста во Словенија

Бројот на невработени во Словенија во јануари изнесуваше околу 130.000, што е пет отсто повеќе во однос на декември минатата година и 15 отсто повеќе во однос на јануари 2013-та година.

Стапката не невработеност меѓу младите до 29 години се зголемува и сега има околу 34.000, покажуваат најновите податоци на Словенечкиот завод за вработување.

Организациите кои застапуваат младите тврдат дека државната не презема системски мерки за намалување на невработените меѓу младите, бидејќи поради штедењето е намалена можноста за истражувачки дејности и дополнително образование на младите.

Владата тврди дека ситуацијата со невработеноста меѓу младите оваа година ќе се стабилизира. Се чекаат резултатите од мерката која владата ја донела во соработка со Европската унија, меѓу кои е кофинансирање на дополнително професионално оспособување и приправнички стаж за младите.