Балкан

Расте невработеноста во Словенија

Расте невработеноста во Словенија

Во Словенија во декември минатата година имало 124.015 регистрирани невработени лица, што е за 3,9 отсто повеќе за разлика од претходниот месец.

Таа бројка е за пет отсто повисока во споредба со декември 2012-та година, објави словенечкиот Завод за вработување.

Позитивен знак е тоа што бројот на вработени во 2013-та пораснал за 11,5 отсто, но невработеноста е зголемена во сите групи, а најмногу во категоријата од 40 до 49 и 30 до 39 години.

Во пораст е и делот на долготрајно невработени, лица со пониско образование или со стручно образование, како и невработеноста кај мажите.