Расте нивото на Вардар во велешко

Според податоците од подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување се очекува за 2 до 3 часа нивот на реката Вардар во Велешкиот регион да нарасне. Подрачното одделение на Дирекцијата е на терен и заедно со Локалната самоуправа ја следат состојбата, населението е информирано преку локалните медиуми. Општината Велес има ангажирано машина во Башино село за расчистување на речните наноси и расчистување на речното корито околу мостот во селото.

Pelince 2

Преку дирекцијата се ангажирани градежни машини за справување со непогодите – во Штип градежна Машина Багер за правење на одбрамбени насипи и расчистуване денес во с. Карбинци се ангажирани уште две машини, во с. Конче – Радовиш ангажирана е утоварна лопата и камион, Во Крива паланка ангажиране е една градежна машина. Во Ново Село Штипско поставени се 1000 веќи за спречено е понатамошно продирање на водата. Во Гевгелија превентивно е поставена цистерна со питка вода во случај да е загадена водата во водоводот.

Pelince 1

Во Куманово излеаната вода е стигната до меморијалниот споменик на АСНОМ во Пелинце.

Велес

Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата во републиката, со постојан контакт со локалната самоуправа и е подговена да во случај да има потреба активира дополнителна механизација за отстранување на последиците од врнежите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.