Балкан

Расте нивото на вода во реките во Србија

Расте нивото на вода во реките во Србија

Водостојот на реките Колубар, Љиг, Уб и Тамнава до среда се очекува да порасне и да го достигне предупредувачкото ниво, соопштуваат од Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија.

Водостојот на Дунав кај Нови Сад се очекува наскоро да ја помине границата за одбрана од поплави, а додека водостојот на Сава кај Шабац овие два дена ќе биде под границата.

Се очекува водостојот на реките во горните текови на Западна Моравија да пораснат, но нема да го достигнат предупредувачкото ниво.