Расте поддршката за одвојување на Шкотска од Велика Британија

Според резултатите од последните анкети, во последно време забележан е пораст на бројот на поддржувачите на независноста на Шкотска од Велика Британија.

Анкетната агенција ИЦМ соопшти денеска дека од почетокот на кампањата до сега е забележана најголема поддршка на независноста на Шкотска која од септември до сега пораснала од 32 на 37 отсто.Во истиот период падна и поддршката на противниците на независноста од 49 на 44 отсто.

Аналитичарите наведуваат дека резултатите од последните анкети претставуваат најголема поддршка на кампањата за независност и е прв и јасен показател во одобрувањето на отцепување на Шкотска од Велика Британија по повеќемесечна стагнација.

Анкетата е направена на повеќе од 1000 луѓе постари од 16 години меѓу 21 и 26 јануари.