Расте популарноста на францускиот претседател Оланд

Франсоа Оланд откако го допре дното на непопуларноста, во последните испитувања на јавното мислење забележа историски скок од 21 поени, уживајќи позитивно мислење кај 40 отсто од испитаните французи, јави дописникот на МИА од Париз.

Последен пат кога францускиот претседател уживаше толкава поддршка беше во февруари 2013 година.

Според испитувањето направено за Пари Мач – Суд Радио Ифоп Фидусиал и објавено денес, 60% од испитаните сметаат дека шефот на француската држава, чие раководење со кризата предизвикана од атенатите и нејзиното следење, ги брани добро интересите на Франција во странство, односно 13 поени повеќе во споредба со декемвриското испитување.

Французите ја одобруваат и неговата економска политика во поголем број (+7 поени), но сепак економската политик аја одобруваат 24% од французите, додека 23% од испитаните посакуваат денес Франсоа Оланд да биде повторно избран за претседател, наместо 14% еден месец порано.

Популарноста му порасте и на премиерот Мануел Валс за 17 поени, дстигнувајќи позитиво мислење кај 61% од испитаните, односно највисоко откако е назначен за премиер на француската влада во март минатат година.

Според многумина обсерватори на внатрешно-политичките случувања во Франција, францускиот претседател во изминатите десетина дена, за прв пат по својот избор го „облекол претседателскиот костум“ и покажал дека ток не случајно се нашол во Елисејската палата.

Истовремено неговиот најдиректен противник, повратникот во политиката Никола Саркози за време на кризата не покажал однесување кое му наликува на поранешен шеф на државата. И кај многумина посебно на социјалните мрежи не помина незабележано, туркањето на Никола Саркози на Републиакснкиот марш во неделата на 11 јануари за да се најде во првиот ред со државниците.