Расте популарноста на Путин во Русија

Мнозинството граѓани на Русија го сметаат Владимир Путин за интелигентен, способен, искусен, одлучен и привлечен, покажуваат резултатите од најновите анкети.

Анкетите се спроведени во екот на украинската криза и во време кога рускиот претседател прославува 10 години на власт.

Истражувањето на јавното мислење спорведено од незавината агенција Левада, покажува дека популарноста на шефот на државата достигнала 82 отсто, што е најмногу од 2010 година, пренесува Ројтерс.

Според анкетите спроведени од државната агенција ВТсИОМ, меѓу 61 и 66 отсто од Русите имаат доверба во Путин, а само три отсто не му веруваат. Агенцијата наведува дека граѓаните на Русија го ценат претседателот поради, меѓу другото, неговата одлучност, интелигенција, способност и искуство. Осум отсто од испитаниците го сметаат 61-годишниот Путин за привлечен човек.