Расте револтот на граѓаните: „Заев е предавник и кодош“

Граѓаните се изреволтирани од односот на Зоран Заев, од заканите со бомби, уцените и заплашувањата.

Но, она за што не можат да го скоријат револтот е неговата соработка со странски разузнавачки служби кои единствено имаат за цел да нанесат штета на  Република Македонија.

Револтот на социјалните мрежи постојано расте. Граѓаните му порачуваат на Заев дека на овој начин тој не може да дојде на власт. Лидерот на СДСМ, според граѓаните е кодош и предавник. некои од нив дури бараат тој да биде протеран од државава, пишува Курир.

Z1

Корисниците на социјалните мрежи постојано ги коментираат и поврзувањата и соработката со Верушевски и странските служби. Тие велат дека за некој да зборува со шифри, мора да крие голем криминал. Граѓаните му порачуваат на Заев дека е фатен на дело во лагите кои им ги кажува. За нив е сосема јасно дека Заев е соработник со странските служби, а потенцираат дека станува збор конкретно за грчка служба.

Z2

Од граѓаните постојано му се испраќа порака на СДСМ дека одамна ја загубиле довербата. Јасно е дека Заев, Шекеринска и нивното раководство немаат поддршка од народот. Оние од кого бараат глас ги нарекуваат предавници и кодоши и за нив бараат казни.

Z3

Зоран Заев и СДСМ работат против својата татковина, обвинуваат граѓаните. Тие им порачуваат дека работа како во мафија, нема да помине во Македонија.

Z4

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.