Расте стандардот: Зголемени плати, пензии, социјална и парична помош…

Расте стандардот на македонската економија. Зголемување на постојаната парична помош, социјалната помош, пензиите, минималната плата, платите на јавната и државната администрација. Од 2006-тата па наваму голем дел од населениоето во Македонија може да ги почувствува  овие позитивни ефекти.

Ако во истиот период  во поголем дел од земјоте во светот и во регионот, како резултат на економските потреси во светот имаше намалување на платите, пензиите, а некаде дури и намалување на социјалната помош во Македонија трендот беше сосема спротивен. За македонските граѓани растеа платите, пензиите, социјалната помош, постојаната парична помош итн.

Зголемување на постојана парична помош

Порталот „Лидер“ во својата анализа пресметува дека постојаната парична помош во просек од 2006 година до 2015 година се зголемила за 60,5%.

Во 2006-та години постојаната парична помош во просек изнесуваше 3.695 денари, со зголемување од 10% во јули 2015 година, постојаната парична помош изнесува 5.931 денари. За реализација на ова зголемување за 12 месеци се издвоени 31.400.000 денари, пишува порталот.

Расте износот на социјалната парична помош

Во просек од 2006 година до 2015 година социјалната парична помош се зголеми за 61,8 отсто.
Во просек од 2006 година до 2015 година социјалната парична помош се зголеми за 61,8 отсто.

Паричната помош за ранливите категории граѓани во целост се зголемува, покрај примателите на постојана парична помош, позитивни ефекти во последните девет години почувствуваа и примателите на социјална помош, кои годинава земаат за 61, 8 отсто повисока помош од државата.

Во просек од 2006 година до 2015 година социјалната парична помош се зголеми за 61,8 отсто. Во 2006 години социјалната парична помош во просек изнесуваше 2.900 денари, со зголемување од 10 отсто во јули 2015 годинa, социјалната парична помош изнесува 4.692 денари. За реализација на ова зголемување за 12 месеци се издвоени 105 милиони денари.

Пензиите во просек се зголемени за 62 отсто, а ќе продолжат да се зголемуваат и годинава

Зголемувањето на пензиите, платите, социјалната и паричната помош за граѓаните има позитивен ефект врз економијата и го зголемува стандардот.

За 62 отсто е зголемена просечната пензија во периодот од 2006 до 2014 година, а најавено е дополнително зголемување на пензиите оваа есен.  Ако во 2006 година просечната пензија изнесуваше 7.683 денари, во 2014 година овој износ е зголемен на 12.445 денари. Пензиите ќе продолжат да се зголемуваат и оваа година, со измените на законот за ПИОМ се дефинира покачување на пензиите од септемвриската пензија која ќе се исплати во октомври 2015 година, при што во буџетот за 2015 година предвидени се финансиски импликации за покачување на пензиите од 5 отсто.

Аргировски: Додека во опкружувањето се намалуваат пензиите, кај нас растат.
Аргировски: Додека во опкружувањето се намалуваат пензиите, кај нас растат.

Со други зборови, додека во опкружувањето се намалуваат пензиите, кај нас растат. За пензионерите тоа значи многу бидејќи тие издржуваат една до две генерации. Што е поголема пензијата тоа е подобро за нив и што е поголем бројот на вработувањето тоа значи многу бидејќи на тој начин повеќе пари ќе остануваат за пензискиот живот. Ако се вработи човек автоматски тој остава повеќе пари во семејството, за животот на пензионерите и поголеми средства и за пензискиот фонд и за здравствениот фонд, вели Драги Аргировски, претседател на Сојуз на пензионери на Република Македонија, пренесува Лидер.

Со ова усогласување на пензиите корисниците на пензија ќе добијат зголемување за околу 630,00 и тоа со исплата на пензијата за септември на почетокот на октомври 2015 година.

Расте стандардот, расте и износот на минималната плата

Покрај зголемените пензии, паричната и социјална помош, утврдувањето на минималната плата претставува еден од елементите на политиката чија цел е намалување на сиромаштијата и задоволување на основните потреби на сите работници и нивните семејства.

За прв пат утврдувањето на минималната плата започна да се применува со исплатата на законски гарантирана минимална плата од 2012 година, кога беше утврден најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормален учинок. Висината на минималната плата за 2012 година изнесуваше 8.050,00 денари во нето износ, а истиот износ се однесуваше и за 2013 година.

Со подобрување на животниот стандард, задоволството и сигурноста на работниците, ќе се зголеми и продуктивноста на истите, а со самото тоа и одржливоста на фирмите на долг рок. Како работодавачи мораме да градиме политика која ќе ги задржи нашите квалитетни работници во нашите компании и ќе остави порака дека во Македонија секако, и покрај напорите да привлечеме повеќе инвеститори, нема ниско платена неквалификувана работна сила. Текстилците и кожарите минималецот ќе го зголемуваат етапно, и очекуваме новата мерка да стимулира поголема понуда на работна сила , што сега е проблем во овие ниско платени сектори“ изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација, пренесува Лидер.

Со измените кои беа извршени во Законот за минимална плата во 2014 година, се утврди износ на минимална плата во висина од 8.800,00 денари во нето износ за 2014 година, 9.590,00 денари за 2015 година и 10.080,00 денари за 2016 година.

Mинималнаta плата 2014 е 8.800,00 ден. за 2015, 9.590,00 ден. а за 2016-та, 10.080,00 ден.
Mинималнаta плата 2014 е 8.800,00 ден. за 2015, 9.590,00 ден. а за 2016-та, 10.080,00 ден.

Зголемување на минималната плата ќе има и во дејностите кои се трудо интензивни, како што се производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа.  За вработените во овие дејности минималната плата од 1-ви јануари 2015 изнесува 8.050 денари, за 2016 година 9.000 денари, за 2017 година 9.590 денари и за 2018 година 10.080 денари.

Зголемување на платите продолжува и во иднина

Во јавниот сектор платите во 2007 година се зголемени за 10 проценти, во 2008 година за 10 проценти, во 2014 година за 4 проценти.

Од 2006-та наваму, статистиката покажува дека платите на вработените во администрацијата се зголемени за повеќе од 27отсто.

Платите во јавниот сектор растеа во неколку наврати, во изминатите години, а последното покачување беше во октомври 2014 година кога последен пат се покачи платата за отсто. Според експертите зголемувањето на платите и пензиите, дополнително ќе се раздвижи економијата, и ќе овозможи и понатаму да расте стандардот, бидејќи тоа ќе претставува стимул за зголемување на потрошувачката.

Секое зголемување на платата значи поголема мотивација, поголема мотивираност. Парите се најголема мотивација, па оттаму овде имаме една поддршка и поттик за еден слој од општеството кој е многу значаен. Мора да имаме предвид дека се напуштаат оние сфаќања дека администрацијата е бирократизиран дел кој нема функција туку дека е терет во општеството, современите трендови докажуваат дека администрацијата е таа која продуцира услуги и дава подобар квалитет на живеење и со самото тоа таа заслужува подобро место во општеството. Се работи за едуцирани и способни поединци кои што со своето знаење придонесуваат во функционирањето на бројни системи и од таму поддршката што ја добиваат преку зголемување на платите значи компензација на трудот и поголема мотивираност да се подобри квалитетот на нивната работа, смета универзитетскиот професор Јован Пејковски.

Дополнително, според најавите на надлежните, вработените во јавниот сектор треба да очекуваат зголемени плати за вкупно 21,5 отсто, односно секоја година во октомври вработените во администрацијата да земаат плата покачена за по 5 отсто.