Растот на индустриското производство е добар показател, смета Груевски

Растот на индустриското производство во април годинава е добар показател особено што има сериозен тренд на зголемување секој месец од септември 2013 година, смета премиерот Никола Груевски.

„Тоа укажува дека македонската економија се движи во добар правец, дека мерките што Владата ги презема за време на кризата дадоа ефекти за побрзо излегување од кризата и за посилно опоравување“, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната промоција на нова поставка во Музејот на македонска борба.

Груевски смета дека тоа е и сигнал за инвеститорите, за компаниите дека може да влезат во поголеми инвестиции и поголеми вложувања затоа што, како што рече, веќе е сосема јасно по осум месеци на секој месец зголемување на индустриското производство дека економијата оди во добар правец и дека ова е време за инвестирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.