Растот на индустриското производство над очекувањата

Премиерот Никола Груевски истакна дека растот на индустриското производство над очекувањата, а тоа, според него, се должи на на многу работа, на многу реформи, на создавање добра клима, привлекување и охрабрување инвеститори.

„Растот на индустриското производство е над очекувањата и за декември и за целата мината година. Во декември имаме 9,5 отсто раст на индустриското производство споредено со декември минатата година, а просекот за целата година е 3,2 и тоа е над нашите очекувања. Тоа е добро кога растот на индустриското производство е над очекувањата и над планирањата, а е резултат на многу работа“, истакна првиот човек на македонската Влада, одговарајќи на новинарско прашање каков е растот на индустриското производство во декември и во целата измината година по пуштањето на патот Ерџелија – Мустафино.

„Тоа е резултат на многу работа, на многу реформи, на создавање добра клима, привлекување и охрабрување инвеститори, директна помош во решавање на нивните проблеми од страна на Владата и на министрите, многу проекти со кои сме во директна комуникација со компаниите и со фабриките обидувајќи се да им помогнеме на секој можен начин во рамки на законите. Се разбира, тоа е резултат и на залагањата на самата бизнис-заедница во Македонија и на самите сопственици и инвеститори на овие фабрики и со заеднички сили работите се движат во добра насока“, потенцираше Груевски кој додаде дека очекува да продолжи така и во текот на оваа година и да продолжи да расте.