“Растур систем” во Металург, си замина и Ацо Јоноски

Егзодусот на македонските репрезентативци кој по завршувањето на Светското првенство во Катар се случува во тимот на Металург продолжува.

По Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Ванчо Димовски, браќата Маркоски, Дејан Манасков, и Ацо Јоноски е еден од ракометарите на РК Металург кој го напушта македонскиот шампион.

Порталот Екипа пишува дека Јоноски веќе земал исписница за напуштање на клубот, а дополнително ќе одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера.

“Чекав долго, но за жал немаше разврска за целата ситуација и затоа сум принуден да си заминам од клубот. Не е точно дека сум потпишал договор со друг клуб. Да, имам некои понуди, но дополнително ќе одлучам каде ќе ја продолжам кариерата” – изјави Јоноски за Екипа.

Исписница од клубот конечно доби и Павел Атман, кој сега слободно ќе може да го официјализира трансферот во Ал Ахли, а во периодот што следува се очекува Ренато Вугринец и Гоце Георгиевски да го напуштат Металург.