Свет

Растурен камп на имигранти во центарот на Париз

Растурен камп на имигранти во центарот на Париз

Полицијата во Франција утрово разурна камп кој беше подигнат под мостот на воздушното метро „Ла Шапел“ во центарот на Париз.

Во кампот во неподносливи услови престојуваа над 350 мигрнти.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, официјалното образложение за ваквата постапка на полицијата е дека тоа е направено поради санитарни причини.

Пред да започант со евакуацијата на имигрантите, силите на редот воспоставија безбедносен периметар околу кампот. На местото беа присутни и повеќе хуманитарни асоцијации, кои учествуваат во прераспределбата на имигрантите и нивното сместување на други места.

Растурањето на кампот беше најавено уште за време на изминатиот викенд, откако на имигрантите им беше даден рок од 48 часа да го напуштат местото.

Меѓу 350 лица кои живееа во кампот, најголемиот број беа од Судан, Ертреја, Сомалија и Египет.

Француската министерка за социјални работи Марисол Турен ја оправда операцијата со образоложение дека санитарнитре услови биле такви, што во дивиот камп постоеле ризици од епидемии, на прво место за тие кои живееа во него.

Предвидено е евакуираните лица да бидат згрижени од француските власти и хуманитарните организации во соодветни и пристојни животни услови.