Расветлен случај на кражба во Штип

Секторот за внатрешни работи-Штип го осомничи 28 годишен штипјаец за кражба која се случила кон крајот на минатата година.

Имено, 28 годишниот И.Ч.од Штип на 19 декември 2014 година, ограбил стан на улицата Борис Крајгер од кој се збогатил за 68.000 денари.

Од СВР Штип додаваат дека по комплетирањето на документацијата, против И.Ч. ќе биде поднесена кривична пријава.