Расветлена смртта на Сандра Бленд во затвор

Расветлена смртта на Сандра Бленд во затвор
Расветлена смртта на Сандра Бленд во затвор

Преку обдукција е расветлена смртта на Сандра Бленд во затвор – дваесет и осумгодишната афроамериканка, чија смрт во затворот крена огромна прашина, извршила самоубиство.

Семејството се сомнева дека е самоубиство

Сандра Бленд во затвор на 13 јули беше пронајдена обесена во својата ќелија, три дена по апсењето заради помал сообраќаен прекршок, а нејзиното семејство се сомнева дека таа навистина извршила самоубиство, пишуваат американските медиуми.

Семејството под прашање го доведе првиот заклучок дека таа сторила самоубиство, наведувајќи дека била среќна што почнала да работи на ново работно место и дека немала причина да крене рака врз себе.

Семејството на Бленд побара отворање сојузна истрага, а наложена е и независна аутопсија.

Суспендиран полицаецот кој ја уапсил Бленд

Полицаецот Брајан Енсинија, кој ја уапсил, е суспендиран заради кршење на полициската процедура при апсење.

 

Во САД веќе подолго време се води жестока дебата за односот на безбедносните сили кон Афроамериканците, како и за претерано агресивните акции на полицијата.