Расветлени 13 тешки кражби во Тетово

СВР Тетово расветли 13 тешки кражби кои биле извршени во март, април и мај годинава. Девет од кражбите биле извршени во возила, три во продавници и две биле кражби на велосипеди.

Кривично пријавен поради постоење основи на сомнение дека ги сторил овие кражби е Е.А. (21) од Тетово. Пријавениот  најчесто со кршење на стаклата провалувал во моторните возила и одземал мобилни телефони, чанти, очила за сонце, парфеми и друго, додека од продавниците одземал цигари и парични средства.