Македонија,Крими хроника

Расветлени седум тешки кражби во Гостивар и Тетово

Расветлени седум тешки кражби во Гостивар и Тетово

ПС Гостивар расветли седум тешки кражби, кои биле извршени изминатите два месеци, на подрачјето на Гостивар при што осомничени се гостиварците Ј.Р.(38) и В.Ј.(46) и Р.Б.(22) од Врбјане.

Тие на 30.овој месец биле приведени и задржани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Тројцата се сомничат дека насилно провалувале во куќи и најчесто одземале технички производи (телевизори, компјутерски куќишта, музички системи и друго), кои потоа ги продавале во Гостивар и Тетово.

Дел од украдените производи се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици.