Расветлено убиството на старецот од неготинско

Против триесет и осумгодишниот С.В. од село Пепелиште, неготинско е поднесена кривична пријава под сомнение дека е убиецот на осумдесет и шестгодишниот Вељо А. од истото село, чие безживотно тело со траги на насилство беше пронајдено вчера на селските гробишта.

Завчера околу 12-13 часот пријавениот и сега починатиот Вељо А. работеле заедно на засадување дрво на гробиштата во село Пепелиште. Откако Вељо не му платил на пријавениот за услугата, дошло до вербална расправија по што пријавениот земал метален ашов со дрвена рачка и го удрил сега починатиот неколу пати во пределот на телото и главата. Потоа, му го земал паричникот и од истиот одзел 1000 денари по што заминал во непознат правец.

Пријавениот заедно со кривичната пријава е изведен пред надлежен суд.