Ратко Младиќ се бори за живот во Хаг

Ратко Младиќ (73) на кого во Хаг му се суди за воени злосторства во Босна и Херцеговина се бори за живот,  пренесува српски „Курир“.

На поранешниот командант на Главниот штаб  на Војската на Република Српска здравствената состојба значајно се  влошила, а му се заканува и опасност од мозочен удар.

На Младиќ му е парализирана десната страна од телото, едвај оди и говори. Има висок крвен притисок и шеќер, многу ослабнал и лошо изгледа. Потребно е лекарите итно да го прегледаат, а неговата одбрана  бара тоа да го сторат руски експерти, вели извор за весник од Хаг.

Синот на Ратко, Дарко М ладиќ потврди дека здравствената состојба на неговиот татко е влошена и дека му е потребна здравствена нега.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.