Спорт

Раул Гонзалез со признание за најдобра тактика во 1/8 финалето во ЛШ

Раул Гонзалез со признание за најдобра тактика во 1/8 финалето во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Вардар успеа да елиминира европскиот шампион Хамбург во Лигата на шампионите со вкупен резултат 58:57.

Значен дел во двобојот против германците одигра одбранбената линија на вардарци која со прикажаната игра го понесе приматот за најдобра дефанзивна тактика во осминафинални натпревари.

Токму затоа Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи да му го даде признанието за најдобра тактитка на тренерот на Вардар, Раул Гонзалез Гутиерез, кој успеа со одличната игра пред се во одбраната да го земе скалпот на европскиот шампион.