Раул Гонзалез го напушта РК Вардар, оди во ПСЖ?

Тренерот на ракометниот европски првак Вардар, Раул Гонзалез најверојатно на крајот од сезоната ќе го напушти македонскиот клуб и ќе се пресели во Пари Сен Жермен.

Оваа информација извесен период циркулираше во ракометните кругови, а денеска ја објави спортскиот портал Спортмедиа.

Раул на клупата на ПСЖ ќе треба да го замени Звонимир Сердарушиќ.