Раул Гонзалез останува селектор на Македонија

Тренерот кој ја запиша историјата на македонскиот ракомет и официјално по крајот на оваа сезона го напушта Вардар, Раул Гонзалез заминува во ПСЖ, каде се обврзува на тригодишна верност. Сепак како што самиот Гонзалез вели ќе остане селектор на Македонија.

Тажната вест за секој фан на Вардар сигурно ја потврдија веќе и медиумите во Франција, тие пишуваат дека е официјализиран договорот на Раул и ПСЖ, кој ќе трае три години.

Добра вест е што Гонзалез останува селектор на македонската ракометна репрезентација. Иако многумина го протолкуваа заминувањето од Вардар, како заминување и од селекторската функција, сепак Раул демантира.

„Договорот е да ги комбинирам двете функции. Имам договор со РФМ како предводник на Македонија до 2020 година и планирам максимално да го испочитувам“, изјави Гонзалес за француските медиуми.

Македонија ја чека настапот на Европското првенство во група со Словенија, Германија и Црна Гора на почетокот на следната година.