Разбиена банда за шверц со луѓе од Косово

Светски ден за борба против трговија со луѓе
Светски ден за борба против трговија со луѓе

Австриската полиција успешно разбила меѓународен синџир на шверц со луѓе кои делувале од Косово, а меѓу уапсените има и два шефа на криминалната организација.

Од декември, како што е соопштено, уапсени се девет лица, од кои последниот е 43-годишен маж од Косово, кој што е уапсен во вторникот на територија на австриската општина Лилиенфилд.

Австриската полиција со месеци ја следела бандата, која илегално пренесувала луѓе од различни националности пореку Суботица во Унгарија и понатаму кон Австрија.

На истражните власти им пошло од рака, заедно со колегите на Косово и во Будимпешта, да ја пронајдат „главата“ на бандата. Тој, заедно со другите пет учесници е уапсен.