Разбиена криминална група која продавала кокаин на улиците во Скопје

Разбиена е петчлена криминална група која продавала кокаин во Скопје. Имено, припадниците на оваа криминална група кокаин продвале како на дилери така и директно на наркозависници по цена од 60-70 евра за грам.

По спроведена повеќемесечна истрага, на 23-ти овој месец Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализирал случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што во моментот од  слобода  се лишени пет лица, македонски државјани сите членови на криминална група.

Разбиена криминална група која продавала кокаин на улиците во Скопје
Разбиена криминална група која продавала кокаин на улиците во Скопје

Припадниците на оваа криминална група кокаин продавале на диелри и зависници

Како што информира МВР, според досегашните документирани сознанија оваа криминална група подолг временски период наназад се занимавала со недозволена трговија и препродажба на кокаин низ улиците на Скопје. Имено станува збор за криминална група која продавала кокаин како на дилери така и директно на наркозависници по цена од 60-70 евра за грам.

Кокаинот го набавувале од Западна Европа

kokain-skopje-4
Разбиена криминална група која продавала кокаин на улиците во Скопје

Оваа криминална група која продавала кокаин, дрогата ја набавувала од западноевропските земји и преку различни канали во внесувале на територија на Република Македонија.

Во рамки на акцијата која е дел од оперативната обработка „Mрежа“ запленети се 20 грама кокаин, вага, патничко моторно возило Голф 5, пиштол со три рамки и 15 куршуми, повеќе SIM картички и мобилни телефони, а од осомничените времено одземени се и парични средства во износ од 40.000 евра.

Двајца од групата се обиделе да побегнат, удриле во полициско возило

Како што информираат од МВР, според планираните активности за реализација на случајот при обид М.Р.(38) од Скопје да биде лишен од слобода, истиот со возило „Голф 5“ и совозач А.М.(27) се дале  во бегство од индустриската зона Визбегово преку обиколница Скопје во правец нa Тетово.

kokain-skopje-2
Разбиена криминална група која продавала кокаин на улиците во Скопје

Во текот на бегството М.Р. со своето возило удрил во полициското возило. Од страна на полициски службеници на осомничениот му бил даден јасен знак за запирање кој не го испочитувал, по што од нивна страна најпрвин биле испукани предупредувачки истрели во воздух, а откако М.Р. повторно не го испочитувал предупредувањето било пукано кон возилото со цел онеспособување на истото. Возилото е запрено на обиколницата пред село Сарај при што од возилото се лишени двајцата осомничени, соопштуваат од МВР.

Досега, во рамки на оперативната акција „Мрежа“ кривично пријавени се над 185 лица, а запленети се над 525 најразлични видови на наркотична дрога