Свет

Разбиена меѓународна мрежа за шверц на кокаин, уапсени 13 Италијанци

Разбиена меѓународна мрежа за шверц на кокаин, уапсени 13 Италијанци

Италијанските и американските агенти разбија денеска меѓународна мрежа за шверц на кокаин меѓу Централна Америка, САД и Европа и уапсија 13 Италијанци, осомничени за поврзаност со организиран криминал, соопшти италијанската полиција, објави МИА.

Италијанската елитна полиција СЦО и агентите на ФБИ ги уапсија осомничените во нивните домови во јужниот дел на Калабрија и ги приведоа под сомнеж дека се дел од меѓународен ланец за шверц на дрога.

Истрагата на тој ланец една година ја водеа федерални иследници во Бруклин и обвинителството во Калабрија, каде е седиштето на сицилијанската мафија Ндрангета.

Американските агенти запленија 55 килограми кокаин  скриен во два брода, кои од Централна Америка пловеле за Филаделфија и Вилмингтон