Балкан

Разбиена меѓународна банда криумчари на мигранти: Шефот е од Белград

Разбиена меѓународна банда криумчари на мигранти: Шефот е од Белград

Австриската полиција разби меѓународна банда криумчари на мигранти, чијшто шеф делувал од белград, соопшти денес австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл – Лајтнер, пренесува српски Блиц.

Полициската изтрага влегла во траг на 17 осомничени лица, од кои 11 веќе се во затвор, а против останатите шестмина се распишани меѓународни потерници.

Австриската министерка посочи дека е уапсен и шефот на бандата.

Ианку, се претпоставува дека оваа банда од февруари префрлила 1.800 бегалци од Србија, преку Унгарија во Виена. Тие земале по 250 до 300 евра од човек, со што полицијата претпоставува дека оствариле приходи од половина милион евра.

Кај членовите на бандата биле најдени 50.000 евра, а министерката Микл Лајтнер оценила дека се работи за „голем удар против една криумчарска организација“. Исто така запленети се и шест возила.

Тие со комбиња и мали камиони префрлале по 10 до 15 мигранти, а возилата тргале на пат, откако претходно ќе добиеле информација дека „се е чисто“. Во Виена имале изнајмени станови, за криумчарите да можат да се одморат помеѓу возењата.