Разбиена мрежа за шверц на бебиња

Полицијата во Грција разби мрежа за недозволена трговија со бебиња кои биле купувани од Бугарки со цел посвојување во Грција.

Во акцијата се уапсени четворица Грци и двајца Бугари вчера во градот Трикала во централна Грција.

Тие се осомничени дека се вмешани во продажба на 11 бебиња на семејни двојки кои сакале да ги посвојат.

Осомничените ја презеле грижата за жените за да родат во грчки болници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.