Разбиена нарко-мрежа во Тирана: 30 лица уапсени

Албанската полиција разби нарко-мрежа во Тирана при што уапси 30 луѓе додека петмина се во бегство, пренесува МИА.

Полицијата соопшти дека по 6-месечна истрага ги уапсила организаторите, координаторите и дистрибутери на тешки наркотици кои во изминатите две години продале дрога во вредност од 900 илјади евра.

Во акцијата запленети се килограм хероин, кокаин, пиштоли, муниција, автомобил и мобилни телефони. Во изминатите две години албанската полиција уништи 1,3 стабла канабис и повеќе од 100 тони марихуана.