Разбиени ќелии за регрутирање џихадисти во Хрватска

Хрватските тајни служби разбиле три ќелии за регрутирање на џихадисти во Ријека, Пула и Загреб.

Истиот извор наведува дека овие ќелии требало да бидат основа на пошироки организации подготвени на ширење на нетолеранција и радикализација и истите биле под директен надзор на тајните служби.

-Членовите на келиите настојувале да се состануваат во потполна дискреција, па не ги користеле ниту мобилните телефони, пишува „Јутарњи лист“.

Кога е проценето дека овие ќелии можат да претставуваат закана за Хрватска, наведува веникот, тајната служба ги разбила.

-Членовите на келиите престанале да се состануваат, дел заминале во странство, а нивните идеолози кои доаѓале од руги земји престанале да доаѓаат во Хрватска, наведува весникот.

Следењето на потенцијалните џихадисти, во соработка со хрватските тајни служби, го презеле земјите во кои подоцна се наоѓале тие.

Се наведува дека тајните служби во Хрватска и понатаму внимателно ги следат сите обиди за ширење на исламските радикални идеи во земјата, но и во регионот.

Штом тајните служби добијат инормација дека некој има намера да тргне во кризните зони, се обидуваат да ги предомислат.

Хрватскиот весник пишува дека ситуацијата по тоа прашање се влошила откако на порачјето на Ирак и Сирија зајакнале терористите на ИСИС, кои активно регрутираат млади луѓе од Европа и сакаат да им всадат радикални исламски ставови, па на крајот да ги регрутираат како борци за војна.

Во процесот на запирање во заминувањето на потенцијалните џихадисти во војна, хрватските тајни служби соработуваат со регионалните тајни служби, странски служби, како и разузнавачите од исламскиот свет.

Хрватските разузнавачи успешно предомислиле неколку лица кои имале намера да заминат во воените зони. Станува збор воглавно за навистина млади луѓе, а понекогаш нив е тешко да ги предомислите да не го сторат она што го имаат зацртано.

Кога ќе бидат идентификувани борците, тајните служби со тие луѓе разговараат директно или преку семејството.

-Тоа не е лесно, бидејќи и потенцијалните џихадисти и нивните семејства настапуваат недоверливо кон тајните служби. Родителите за радикализацијата на своите деца често дознаваат последни или тогаш кога е веќе предоцна, наведува весникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.