Разбојници со нож ограбиле продавница

Две непознати лица вооружени со нож вчера на улицата Христијан Тодоровски Карпош jа ограбилe продавницата „Дина Џен“.

Тие извршиле разбојништво над вработената одземајќи и 20.000 денари и цигари во вредност од околу 10.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.