Разбојници тинејџери сеат страв и трепет низ Скопје

Полициските билтени секојдневно изобилуваат со нападнати и ограбени тинејџери, и разбојништва кои се дело на малолетници.

Според денешните полициски информации, вчера во 18.20 часот, на булеварот „Партизански Одреди“ две засега непознати лица,  му се заканиле со нож П.П.(19) и му одземале 300 денари.

Нешто поодцна околу 18,45 часот, на истиот булевар на автобуска постојка пред Трговскиот Центар „Алуминка“, две лица ( постои голема веројатност да се истите од претходниот случај) на истиот начин со закана со нож го ограбиле А.Т. (19) и уште едно 17- годишно лице. На  двајцата им биле одземени по 200 денари и часовник.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на двата случаи.

Вчера, околу  20,45 часот било пријавено дека на кејот на реката Вардар, В.Ј.М.(19) и А.Г.(18) биле физички нападнати од поголема група на лица облечени во дуксери со капуљачи кои по нападот го напуштиле местото на настанот. Повредените лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Наум Охридски“. Тие се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, вчера исто така биило пријавено лице Д.М.(22) од село Трубарево, со убодна рана од остар предмет на левата страна од градниот кош.
Имено, Д.М. на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од  две непознати лица, а едното од нив употребило нож, со кој го прободел Д.М.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.