Разбојници украле куче од расата Пинч

Тројца разбојници вчера влегле во стан на улицата „Славка Димкова“ во Скопје и украле куче раса пинч.

Тие влегле во дневната соба преку незаклучената врата, се претставиле дека се од полиција и го земале кучето.

Кучето каснало за рака едно од лицата, а  кога жената која живее во станот се обидела да го спречи била турната на подот.

Од МВР велат дека мреземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.