Македонија,Крими хроника

Разбојник го однел прометот од продавница во Куманово

Разбојник го однел прометот од продавница во Куманово

И се заканил на вработената и украл 17.900 денари.

Разбојник вчеравечер ја ограбил продавницата „Вицко“ на улицата Веселин Маслеша во Куманово, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Разбојништвото се случило околу 19.30 часот кога непознат сторител со пиштол и се заканил на вработената и го одземал дневниот промет од касата.

Со плен од 17.900 денари разбојникот побегнал во непознат правец. Полицијата трага по него.