Разбојник од бабичка украл златни обетки

Разбојник од старица украл златни обетки. Разбојништвото, како што информира МВР, се случило вчера околу 13.30 часот во Скопје на ул. „Ташко Караџа“.

Непознат сторител со употреба на физичка сила извршил разбојништво над Р.А. (70) при што и одзел златни обетки стекнувајќи се со противправна имотна корист од 15.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.