Разбојништво во битолско, одземени накит и пари во вредност од 10 илјади евра

Вчера во с.Трап, битолско, непознат сторител преку незаклучена врата влегол во куќата на Д.Т.(55) и со употреба на подесен алат извршил тешка кражба одземајќи 4.000 евра, 300.000 денари и разновиден златен накит, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 560.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.