Разбојништво во колонијал во Скопје

Две маскирани лица ограбиле колонијал во Скопје од каде земале 15.000 денари.

Тие околу 21:15 часот на улица „Теодосиј Гологанов“ од колонијалот „Дамат“ со закана со нож извршиле разбојништво над една вработена и ги одзеле парите.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.